Врсти на програмски јазици

Сите програмски јазици можиме да ги поделиме на повеќе категории во зависност од критериумите на основите се врши поделба на:

  • Според степенот на блискост со архитектурата на компјутерот:
    • Јазици од ниско ниво ( машински јазик, Assembler… )
    • Јазици од високо ниво ( Fortran, Pascal, C, C++, Java, C# )
  • Според начинот на преведување на програмот
    • Компајлерски
    • Интерпретаторски
      • Во случај кај компајлерските јазици преведувањето на кодот се врши пред извршувањето на програмот, а добиениот програм се врши без повторно компајлирањеКОМПАЈЛЕРСКИ ЈАЗИЦИ ГРАФИК
      • Од друга страна кај интерпретаторските јазици секоја команда се преведува непосредно пред извршувањето, што го успорува времето на работа на програмот и цело време користи компајлер во меморијата завреме на извршување на  програмот.

Структури на алгоритам

ВОВЕД

* Секој алгоритам без разлика на неговата сложеност можи да се претстави користејки три основни структури:

  1. Линиска структура – подразбира извршување на команди една послем друга.
  2. Разгранета структура – овозможува градење на извршни програми во зависност од исполнување на прикладни услови.
  3. Циклична структура – претставува низа од команди кој можат да се повторуваат повеќе пати во зависност од исполнување на одредени услови.СТРУКТУРА НА АЛГОРИТАМ

Алгоритми

Алгоритам претставува конечно подредена низа со прецизно формулирани правила со кој се решава еден или цела класа од проблеми.

  • Секој алгоритам може да се напиши на природен ( македонски, англиски… ) јазик

Пример алгоритам за пресметка на цена на такси услуга, може текстуално да се напише и тоа:

  1. Дефинирај влезна величина: цена „старт“ S , цена по поминат километар C , број на поминати километри L и попуст во проценти P.
  2. Израчунај цена без попуст T1 како T1=S+C*L.
  3. Израчунај цена со попуст T2 како T2=T1-T1*P/100
  4. Прикажи излезни величини:
    • Цена без попуст = T1
    • Цена со попуст = T2

* Со оглед на тоа дека ваквиот начин на опишување на алгоритмот е тешко читлив во случај на посложени проблеми, постепено ќе користиме графички приказ со помош на таканаречени алгоритамски шеми.

algoritam shema

Основи на програмирање

Вовед

maxresdefault

Компјутерски програми:

* Решавање на проблеми со користење на компјутерски програми можи да се подели во неколку етапи:

1. Дефинирање на проблемот:

– Постапка во која нарачателот или програмерот на природен јазик ( македонски, англиски… ) го дефинира проблемот кој треба да се решава. Пожелно е нарачателот да има основни познавања од информатиката за полесно да го дефинира проблемот за да не дојде до забуна при решавање на истиот.

2. Анализа на проблемот:

– Дефинирање на влези и излезни податоци, можни ограничувања на нивните вредности и креирање на математички модел кој ќе биде користен за решавање на проблемот.

3. Дефинирање на алгоритам:

– Дефинирање на конечна низа од правила со кој се решава даден проблем.

4. Проекција на програмот

– Избор на платформа и програмски јазик, а потоа дефинирање на архитектурата на самиот програм и начин на чување на податоците.

5. Кодирање

– Преведување на правилата на алгоритмот на конкретен програмски јазик. Добро дефиниран алгоритам овозможува олеснето пишување на програмот.

6. Тестирање

– Фаза во развојот на компјутерската програма, која треба да осигура благовремено откривање и одстранување на грешките. Тестовите кој ги испитуваат функционалностите на програмите треба да го опфатат целиот опсек на влезни променливи, како и сите можни гранки во извршување на програмот. Покрај контролата на извршување на програмот потребно е да се изврши и тестирање на робустноста на програмот во случај на внес на грешни податоци од страна на корисникот на програмот.

7. Анализа на резултатите:

– Подразбира подредување на добиените резултати од теоретски или експериментални резултати, како и модификација на моделот во случај кога добиените резултати не се во граница на дозволената толеранција.

8. Испорака на програмот:

– Претставува процес во кој програмот по пат на различни медиуми ( CD, FTP, Internet… ) се става на располагање на нарачателот, така што тој ќе можи да го користи програмот самостојно.

9. Одржување:

– Долготрањен процес кој подразбира обука на корисникот, поправка на воочени грешки и недостатоци и прилагодување на програмот врз потребите на корисникот.

* Во случај на развивање на големи програмски решенија постојат различни типови на циклуси низ кој поминува секој програм. Избор на најдобриот тип зависи од намената на програмот, бројот на учесници на проектот, стратегијата на компанијата која го развива и многу други параметри.